ВИДЕО: Меси се израмни со легендата Пеле, само бод за Барса!
Денеска во 14 коло на стадионот „Камп Ноу“ ремизираа екипите на Барселона и Валенсија (2:2) во најсилната шпанска „Ла Лига“.
Поведоа гостите со погодокот на Диакаби во 29 минута, а непосредно пред финишот израмни Меси веднаш по неговиот нереализиран пенал.
За Аргентинецот ова беше вкупно 643 погодок, и на тој начин се израмни со легендарниот Бразилец Пеле на вечната листа постигнати голови за еден клуб.
? ????? ?
Leo #Messi equals @Pele as the all time top goalscorer for one club WITH 643 goals! ??: @damiendraws pic.twitter.com/dNrlmwdfC7
— FC Barcelona (@FCBarcelona) December 19, 2020
Каталонците дојдоа во предност преку Араухо (52`), а Гомез не дозволи Валенсија да биде поразена откако израмни во 69 минута.
На табелата Барса е на петтата позиција со 21 бод, осум помалку зад водечкиот Атлетико Мадрид, додека составот на Грасија е на 12 позиција со 15 бодови.