ВИДЕО: Меси на денешен ден дебитираше за Барса!

фото: твитер

На денешен ден, 16 ноември 2003 година, светот го запозна еден од најголемите во фудбалската игра. Беше тоа пријателски натпревар во Порто помеѓу португалскиот клуб, кој тогаш го водеше Жозе Мурињо, и Барселона.

Во 75 минута тогашниот стратег на каталонската екипа, Франк Рајкард одлучи да му даде шанса на младиот Аргентинец и со бројот 14 на дресот дебитира за првиот тим на 16 години, четири месеци и 23 дена.

Во тие 15 минути беше доволно Меси да создаде две шанси за соиграчите, а воедно и со можност да се запише во листата на стрелците, но без успех. На крајот Барса го загуби мечот со 2:0, но затоа го доби својот најдобар фудбалер на сите времиња.

После тој натпревар Меси продолжи да тренира со најдобрите во екипата, а во наредната сезона да го има и првиот првенствен меч против Еспањол.

Сето тоа останато е историја, освои пет „Златни топки“, практично сè што можеше да се освои на клупски план. Но, и во својата 33 година продолжува да испишува нови фудбалски страници..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот