ВИДЕО: Меси конечно постигна гол за ПСЖ во Лига 1

Меси конечно ја затресе мрежата и во француската лига/ фото: EPA-EFE/Mohammed Badra

Фудбалерите на ПСЖ го совладаа Нант со 3:1 во рамки на 14 коло во Лига 1 и се зацврстија на лидерската позиција на табелата.

„Светците“ имаат 37 бода, дури 13 повеќе од второпласираниот Ленс кој има и натпревар помалку, додека Нант остана на 18 бода за 11 место на табелата.

ПСЖ фантастично го отвори натпреварит, Килијан Мбапе погоди уште во втората минута. Но, фудбалерите на Нант не се предаваа и во 65 минута имаа играч повеќе на теренот откако голманот Кејлор Навас заработи директен црвен картон.

Тренерот Маурисио Покетино мораше да го извади од игра Нејмар кој не беше задоволен од овој потег, а Нант предноста од играч повеќе ја искористи во 76 минута кога Муани Коло го израмни резултатот.
Сепак, шест минути подоцна, играчот на нант, Апија со несреќен автогол му донесе предност на ПСЖ. Конечниот резултат го постави Лионел Меси кој конечно го проби ледот и го постигна првиот гол во Лига 1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот