ВИДЕО | Меси или Левандовски: Една легенда вечерва веројатно за последен пат игра на мундијал

Фото Колаж на СП/ Профимедиа

Фудбалерите на Аргентина и Полска денеска од 20 часот решаваат за тоа кој ќе ја помине групата „Ц“ на Светското фудбалско првенство во Катар. Ова значи дека капитените на двата тима, Лео Меси и Роберт Левандовски веројатно за последен пат ќе заиграат на еден мундијал.

Но, овој натпревар нема да биде единствениот одлучувачки во оваа група, бидејќи и екипите на Мексико и Саудиска Арабија сѐ уште се во игра за осминафиналето. Иако тимот на Мексико математички има најмалку шанси, тие со победа од над два гола и со победа на Аргентина, би можеле да се изборат за осминафинале.

Од 16 часот нѐ очекуваат можеби помалку интересни дуели. Екипата на Франција, која ја оправда улогата на фаворит во првите два натпревара, ја затвора групната фаза против екипата на Тунис, која иако математички не е отпишана, малку кој верува во нивно пласирање понатаму. Дефинитивно поинтерес ќе е дуелот меѓу Данкса и Австралија, кој би требало да одлучи која екипа ќе се квалификува заедно со веќе пласираната Франција.

Данците во првите два натпревари може да се каже дека разочараа, а сега против Австралија имаат одлична шанса да се докажат дека се сериозна екипа.

Вчерашните натпревари пак, завршија како и што претходно се очекуваше. Екипата на Холандија предводена од селекторот Луис Ван Гал во групата „А“ со победа од 2:0 дојде до осминафиналето, а како второпласирана се пласираше африканскиот гигант Камерун, кој во феноменален натпревар со Еквадор успеа да се пласира понатаму.

Во групата „Б“, Англичаните ја оправдаа фаворитската улога против островскиот ривал Велс, а САД во „политичкото“ дерби дојде до минимална победа против Иран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот