ВИДЕО: Меси и Дембеле ја однесоа Барселона на второто место во Ла Лига

Дембеле се наоѓа пред трансфер во Премиер лигата/ фото: EPA-EFE/Jose Manuel Vidal

Фудбалерите на Барселона славеа на гостувањето кај Севиља со 0:2 во дерби натпреварот од 25. коло во Ла Лига.
Барселона со победата која е деветта во последните 10. натпревари во Ла Лига, се искачи на второто место на табелата со 53. бода, два помалку од лидерот Атлетико Мадрид кој има и два натпревари помалку. Реал Мадрид е третопласиран со 52. бода и натпревар помалку од каталонците, додека Севиља го доживеа првиот пораз по шесте победи во низа.


Каталонците беа подобар тим на на теренот на „Санчес Пихуан“ стадионот, и не и дозволија на Севиља да создаде ниту една сериозна шанса за гол. На спротивната страна, играчите на Барселона двете добри акции ги крунисаа со головите на Осман Дембеле во 29. и Лионел Меси во 85. минута од натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот