ВИДЕО | Мерко: Стружани ми дадоа епитет на обединувач

Рамиз Мерко, градоначалник на Струга / Утрински брифинг

Го презедов четвртиот мандат. Тоа навистина е многу, но ние не можеме да кажеме колку и како, а бидејќи граѓаните ме избраа и по четврти пат сигурно дека сме работеле, сме им служеле на граѓаните, рече за Утрински брифинг градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

-По петти пат сум барал гласови во име на ДУИ, прво како пратеник во државното Собрание, и потоа 20 години граѓаните на Струга избираат ист човек, што за мене на некој начин е и поголема одговорност но и мотив да направиме многу повеќе за граѓаните и општина, вели тој.

Мерко додава дека во услови на ковид во Струга има едни од најголемите вложувања, а во меѓувреме ги зајакнал и меѓуетничките односи.

-Моите партнери, коалициони, ми дадоа епитет на обединувач. Створивме ред, мир, сигурност, но испорачавме и многу проекти и во урбаните и во руралните средини. Струга заличи на еден европски град со тенденција да работиме уште повеќе, изјави за Утрински брифинг староновиот градоначалник на Струга од редовите на ДУИ, Рамиз Мерко.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот