ВИДЕО: Мемфис непријатно ја изненади Јута, Атланта успешна во „Гарден“!
Кошаркарите на Мемфис гризлис како гости ја совладаа екипата на Јута џез со 112:109 во натпреварот од првата рунда во плеј-офот на Западната конференција во НБА лигата.
Откако го урна Голден стејт во плеј-ин и го обезбеди осмото место, Мемфис овојпат направи „брејк“ против првопласираните на Западот кои играа без повредениот Мичел.
Најефикасни за Гризлис беа Брукс со 31 и Морент со 26 поени, а Хрватот Бојан Богдановиќ за „џезерите“ запиша 29 поени, седум помалку Конли (11 асистенции).
Во првиот меч од првата рунда во плеј-офот на Истокот, Атланта хокс во „Медисон Сквер Гарден“ со 107:105 триумфираше над Њујорк никс.
Јанг беше најрасположен за Атланта со 32 поени (10 асистенции), српскиот интернационалец Богдан Богдановиќ додаде 18. На спротивната страна за Никси Буркс запиша 27 поени, а 10 помалку Роуз.
НБА плеј-оф, резултати –
Њујорк никс – Атланта хокс 105:107
Јута џез – Мемфис Гризлис 109:112