ВИДЕО: Мемфис е последниот патник во плеј-офот

epa09151801 Memphis Grizzlies guard Ja Morant reacts during the NBA game between the Memphis Grizzlies and the Los Angeles Clippers at the Staples Center in Los Angeles, California, USA, 21 April 2021. EPA-EFE/ETIENNE LAURENT SHUTTERSTOCK OUT

Голден Стејт вориорс е поразен со 117:112 по продолжението од Мемфис гризлис во плеј-ин натпреварот во кој двете екипи се бореа за осмото место во Западната конференција кое води на пресметка со Јута џез.
И покрај фантастичната сезона во која е финалист за МВП наградата, Стеф Кари сепак нема да игра во плеј-офот. Поразот од Мемфис се чини дека го исфрли Кари од трката за МВП наградата бидејќи досега никогаш не се случило неа да ја добие кошаркар кој не играл во плеј-офот. Освен Кари, финалисти за ова признание се Никола Јокиќ и Џоел Ембид.

Најзаслужен за победата на Мемфис беше Џа Морант кој во последната минута од продолжението постигначети поени со кои му го донесе триумфот на својот тим. На крајот, Морант средбата ја заврши со 35 постигнати поени. На спротивната страна, Стеф Кари постигна 39 поени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот