Меланија Трамп / Фото: Profimedia

ВИДЕО | Меланија Трамп е спремна, ги спакува куферите: Идната прва дама откри сѐ за враќањето во Белата куќа

Идната прва дама на САД, Меланија Трамп вели дека е спакувана и подготвена да се врати во Белата куќа, каде нејзиниот син Барон ќе има спална соба, а планира и да ја оживее нејзината иницијатива „Биди најдобар“, која служеше за заштита на благосостојбата на децата.

Меланија, сопругата на реизбраниот американски претседател Доналд Трамп, во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека најавениот документарен филм за нејзиниот живот, кој ќе се дистрибуира оваа година на „Амазон прајм“, е нејзина идеја, инспирирана од приемот на неодамна објавените мемоари.

„Така дојдов до идејата да направам филм – филм за мојот живот“, рекла таа и додала: „Мојот живот е неверојатен. Тоа е неверојатно полн со настани. И, му реков на мојот агент: ‘Jа имам оваа идеја, затоа те молам оди и склучи ми договор’“.

Документарецот е најнов показател за поврзаноста на основачот на Амазон Џеф Безос и Доналд Трамп.

Инаку, Меланија рече дека се спакувала за да се врати во Белата куќа и го избрала мебелот што ќе го пресели таму. Таа рече дека е полесно по вторпат, објаснувајќи дека сега ги знае собите во кои ќе живее семејството.

Но, кога ја прашале каде ќе го поминува поголемиот дел од своето време, таа одговорила: „Ќе бидам во Белата куќа. Кога ќе треба да бидам во Њујорк, ќе бидам во Њујорк. Кога ќе треба да бидам во Палм Бич. Ќе бидам во Палм Бич“.

„Мојот приоритет е да бидам мајка, прва дама, сопруга“, додала таа.

Таа се осврна и на нејзиниот син Барон, кој моментално живее во Њујорк каде што посетува колеџ, и рече дека верува дека Барон ќе ја посети Белата куќа.

„Секогаш го почитувам „да“ или „не“ на Барон, што сака да прави, каде би сакал да биде“, истакнала таа.

Уште во септември минатата година, Меланија рече дека Барон решил да живее во Трамп Тауер, семејната резиденција на Менхетен, за да оди на колеџ. И покрај тоа, Барон има подготвена соба во Белата куќа во која може да остане кога ќе одлучи да го посети семејството.

ФОТО | На претходната инаугурација ја избегнуваа, а сега дизајнерите се тепаат кој да ја облече Меланија Трамп

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот