ВИДЕО | Меѓаши: Онлајн наставата им го скрати правото на образование на многу деца

Тринаесет деца на возраст од 12 до 17 години изработија извештај за правата на децата во Македонија. Разработува седум теми во кои децата чувствуваат дека не им се исполнети детските права. За содржината на извештајот денеска во Утрински брифинг зборуваше Јорданка Черепналкова Трајковска од Првата детска амбасада во светот Меѓаши.

-Прво тргнаа со тоа колку децата се запознаени со правата, па утврдија дека потребна е дополнителна едукација и тоа и на возрасните а не само на децата. Во извештајот се споменуваат проблемите со животната средина, со дискриминацијата, за проблемите со кои се соочуваат децата на улица, и најголем дел од извештајот е посветен на проблемите со образованието. Голем дел од децата се исклучени од образовниот процес поради немање на соодветнио услови за следење на онлајн наставата. Ние како детска амбасада апелиравме до институциите и до компаниите да дадат придонес за да се вклучат и овие деца во образовниот процес. Во тек е иницијатива со МАСИТ, стопанската комора од ИТ секторот во обид да се обезбедат соодветен број  на уреди за да се вклучат во наставата и децата кои не се во можност. А и ние дониравме неколку уреди, рече Ч.ерепналкова Трајковска

Проблемите со кои се соочуваат децата не се решаваат преку ноќ, за истите теми се пишувало и во извештај од пред десет години.

-Има минимални поместувања кон подобро, но се уште има простор да се работи за да се изреализираат во целост правата на децата. Во следниот период ќе работиме и на кампања за подигнување на свеста за детските права. Децата во извештајот силно апелираат да се посвети внимание и на спречување на насилство и воведување на активности против врсничкото насилство, овозможување разговор со психолог за да се превенира булингот или да се помогне на жртвата на булинг. Исто така апелираат до надлежните да се направат измени во обемот на часови бидејќи половина ден го поминуваат во училиште, а другата половина во подготовка за училиште, така што многу малку време им останува за слободни активности, кои се многу важни, додаде Трајковска.

Проследете го целиот разговор со Јорданка Черепналкова Трајковска од Првата детска амбасада во светот Меѓаши во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот