ВИДЕО | Меган Фокс е бремена? Машин Ган Кели покрена гласини откако посвети песна на нероденото дете

Меган Фокс и Машин Ган Кели на Музичките награди Билборд, Фото: EPA, Instagram

Меган Фокс и Машин Ган Кели последниве месеци се во медиумски фокус откако станаа едни од омилените парови на јавноста поради нивниот пристап кон љубовна врска. Нивата конекција се базира на астрологија и окултни практики и големи гестови. 

Машин Ган Кели покрена многу гласини на Музичките награди Билборд во неделата, кога ја нарече Меган Фокс негова „сопруга“, а потоа го спомна нивното „неродено дете“.

Музичарот излезе на сцената во Лас Вегас за да ја изведе „Twin Flame“ и на почетокот рече: „Ја напишав оваа песна за мојата сопруга“. На половина од настапот, тој продолжи со: „Ова е за нашето неродено дете“ додека се слуша чукање на срцето.

Парот кој беше комплементарно стилизиран на доделувањето на наградите, се сврши во јануари на плажата Риц-Карлтон Дорадо во Порторико.

„И како и во секој живот пред овој, и како и во секој живот што ќе следи, реков да… и потоа си ја испивме крвта“, напиша Фокс тогаш на „Инстаграм“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)

На забавата по музичките награди Билборд која беше организирана од раперот Диди во локалот „Тао“ во Лас Вегас, дополнително се разгореа гласините, дека Меган и Кели очекуваат бебе. Двојката пристигна во клубот во розова лимузина, а Фокс „веднаш почнала да танцува подиумот“, пренесува „Page Six“.

Сепак, актерката не консумирала алкохол и покрај тоа што вотката и текилата на Диди се служеле постојано и бесплатно.

„Таа не пиеше алкохол цела ноќ“, изјави извор за „Page Six“.

Минатата година, Фокс во едно интервју рече дека се откажала од алкохолот во 2009 година затоа што еднаш била „воинствена и не требало да каже многу работи на црвениот тепих“ на Златните глобуси.

И покрај тоа, гостите на забавата шпекулираат за бременоста откако 32-годишниот Кели го посвети настапот на Билборд наградите на нероденото дете.

ГАЛЕРИЈА | Музички награди Билборд 2022: Триумфираше Оливиа Родриго со 7 награди, Канје Вест освои 6

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот