ВИДЕО | Медведев за публиката во Мелбурн: Празни мозоци, мора да им е многу лош животот!

Данил Медведев на „Австралија опен“ имаше доста конфликти со судиите/Мелбурн, Австралија/30 јануари 2022/Фото: EPA-EFE/DEAN LEWINS

Во текот на финалниот меч на „Австралија опен“, Данил Медведев имаше два сета предност, но истата ја прокоцка, па набрзо влезе во конфликт со судијата.

Русинот во текот на целиот турнир во Мелбурн имаше вербални судири со судиите, така и овојпат на дуелот со Шпанецот Рафаел Надал.

Медведев се жалеше дека австралиската публика покажа непочитување спрема него и му пречеше додека го сервираше топчето, а потоа им возврати со разни навреди.

– Тие се идиоти, празни мозоци, мора да им е многу лош животот – беа дел од коментарите на Медведев до судијата за фановите на трибините.

Тој го замоли судијата малку повеќе да реагира кон публиката, не само со зборот „Ве молам“, туку веднаш да се запре со извикувањата, за да можат играчите во мирна атмосфера да играат на теренот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот