ВИДЕО | Mедведев изненаден во Париз, Русинот ќе се повредеше со сопствениот рекет

Фото: EPA-EFE/STR

Рускиоте тенисер Данил Медведев им приреди разочарување на навивачите со елиминацијата во 1/16 финалето на турнирот во Париз.

Во три сета Медведев беше поразен со 1:2 од Австралиецот Попирин (4:6, 6:2, 6:7). Првиот сет Медведев го загуби поради еден брејк со 4:6, а потоа заигра подобро, меѓутоа потоа повторно не беше на нивото во клучните моменти кога се играше тајбрејкот.

Медведев во еден момент и на еден необичен начин го искажа својот револт фрлајќи го високо својот рекет така што можеше и да се повреди.

Инаку, со оваа елиминација само продолжија разочарувачките настапи на Медведев кој игра една од послабите сезони во кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот