Фото: EPA-EFE/JOEL CARRETT

ВИДЕО | Медведев беснееше, па по три часа битка во пет сета победи против тенисер од Тајланд

Русинот Данил Медведев се помачи да стигне до второто коло на Австралија Опен откако против Касидит Самреј од Тајланд му беа потребни три часа и осум минути за победа во пет сета (3:2).

Медведев добро започна и го освои првиот сет со 6:2, но потоа младиот Самреј го подигна нивото на игра и израмни добивајќи го сетот со 6:4. Младиот тенисер од Тајланд го освои и третиот сет со 6:3 со што дојде до водство од 2:1.

Пред крајот на овој трет сет имаше и момент во кој Медведев ги загуби нервите и почна да удира со рекетот во мрежата и камерата која беше поставена на неа. Токму по таа ситуација Медведев заигра многу подобро и во следните два гема на противникот му дозволи само три гема (6:1, 6:2), па успеа да го реши мечот во своја корист.

На останатите средби Тејлор Фриц беше сигурен против Џенсон Бруксби со 3:0, Руне го доби Жижен Жанг со 3:2, Хуркач славеше над Гриекспор со 3:0, Монфис го совлада Перикар со 3:2…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот