ВИДЕО | Медиумите сè уште малку известуваат за родовите теми, а можат да бидат фактор за борба против насилството

Според истражувањата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за застапеноста на родовите содржини во телевизиите и радијата, прашањето за родот во медиумите е на маргините.

Како регулаторно тело кое се занимава со радијата и телевизиите ги истражуваме родовите прашања ги истражуваме веќе подолго време, од 2012 година наваму, еднаш годишно спроведуваме генерални анализи за тоа како, на пример, националните телевизии во своите вести известуваат родовите прашања и теми и воопшто ккао ги претставуваат и прикажуваат жените и мажите. И онаа што ни го покажаа истражувањата за периодот 2012 – 2017 година, не е многу охрабрувачки. Значи она што се покажуваше од година во година е дека се намалува бројот на прилози во коишто се обработуваат родови теми, но исто така, се покажува дека не се препознава и не се користи родот како релевантен аспект за новинарска обработка на прилозите.

Еве еден пример, помало е присуството на медиумите на жени експертки чиешто мислење вреди да биде слушнато. Па така, во 2016 година само 25 отсто од соговорниците експерти биле жени, чиешто знаење и искуство вреди да биде слушнато и експертките во државата не се сведуваат на само 25 отсто и ова го отвора прашањето зошто имаме таква застапеност. Еден од можните аспекти може да биде заради тоа мажите се почесто во сферите на општественото, а жените во сферата на приватното“, вели за Утрински брифинг Емилија Петревска Камењарова, раководител на одделението за човекови права и медиумска писменост во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

За тоа како медиумите известуваат за случаите на родово базираното насилство каков што кај нас е случајот „Јавна соба“ или случајот на учителот по глума во Србија, Камењарова истакнува дека зависи од уредувачката политика и од тоа колку внатре во медиумите постои свесност за важноста на родовите аспекти на темите.

– Да, имаше и сензационализам, но има и една друга работа, а тоа е дека ако почесто се зборува за родовите прашања, тогаш тие се’ повеќе се отвараат. Значи започна со известувањето за случајот во Србија, па се охрабрија девојки во Македонија да проговорат, па се отвори темата замрена од пред една година за тоа дека „Јавна соба“ е се’ уште активна, што значи дека ако темата е релевантна и ако ја третираме како релевантна, тогаш таа ќе стане релевантан и тоа дејствување на медиумите всушност ќе помогне да се оди кон решавање на проблемите, додава Камењарова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот