ВИДЕО: Мечките нема да се убиваат, наредната пролет ќе ја дочекаме подготвени, со сериозни мерки, вели Ангелов

Мечките кои ги тероризираа кои пред извесно време ги тероризираа жителите во мавровско – реканскиот крај се уште се активни и шетаат по селата во потрага по храна. Треба надворешни услови, температура од минус 10 степени и голем снег за да хибернираат, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов во интервју за „Слободен печат“. На пролет ќе има нови мерки, кои не вклучуваат убивање на мечките.

-Зимно време тие хибернираат но ако е потопол период тие може да станат и да продолжат со своите активности. Сметам дека има виден напредок пред се благодарение на НП Маврово кои во неколку наврати организираа пукање во воздух и заплашување на мечките и нивно оддалечување од селата. Јас сум против убивање на мечките. За жал ваквите гостувања се користат за клик наслови и некој ќе каже, Ангелов ќе ги убива мечките. Да, ако има агресивна мечка која влегува по куќите треба да биде отстрелана, бидејќи утре ќе убие некој. Ние не треба да чекаме некој да загине, нагласува Ангелов.

Тој додава дека бројот на мечки е алармантно зголемен. Целосната забрана и топлото време овозможија нивно размножување, а мештаните во Маврово забележувале и мечки со три мечиња што не било видено претходно.

-Ова лето генерално немаше добар плод на шумското овошје и тоа беше една од причините зошто мечките се симнуваа во селата. Сега има костени и желади и можеби тоа е причините за повлекување на мечките во шумата. Како и да е, работиме на сет на мерки со владата, многу студиозно и верувам дека ќе дојде период на блага хибернација на мечките, но наредната пролет ќе ја дочекаме благо подготвени без, нагласувам, убивање на мечките, вели Ангелов.

Една од опциите која се разгледува е префрлање на мечките на други подрачја. Генерално жителите на посочените места не се воодушевени од вакви идеи.

-На пример на Плачковица се истребени сите мечки и може таму да се префрлат, но јас не носам одлуки туку само координирам. Ги слушам стручните лица кои многу подобро од мене ги знаат работите. Апелирам сите да бидат трпеливи, решението кои ќе го понудиме како ЦУК, како институција задолжена од владата да го координира целиот овој процес ќе бидат добри и нема да бидат на штета на мечките, дециден е Ангелов.

Целото интервју со Стојанче Ангелов погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот