ВИДЕО: „Меч топка“ за Интер, Елмас и Наполи во игра за Лигата на шампионите!

epa09162444 Lazio's Adam Marusic (L) and Milan's Fikayo Tomori (2-L) in action during the Italian Serie A soccer match between SS Lazio and AC Milan at Olimpico Stadium in Rome, Italy, 26 April 2021. EPA-EFE/MAURIZIO BRAMBATTI

Вечерва во рамките од 33 коло во најсилното италијанско првенство составот на Лацио со убедливи 3:0 го совлада Милан.

На стадионот „Олимпико“ во Рим двоен стрелец беше Кореја во втората и 51 минута, а конечниот епилог го постави Имобиле во самиот финиш од средбата.

„Небесно-сините“ после овој успех се доближија на само пет бода заостанување од позициите кои водат во Лигата на шампионите, а до крајот на сезоната во Серија А ќе биде драматично и за „росонерите“.

На пет кола до крајот на шампионатот има три екипи со по 66 бодови (Наполи, Јувентус и Милан), додека Аталанта има два бода повеќе.

Од овој пораз на Милан голем профит да извлече Интер, кој доколку во сабота слави во Кротоне, а Аталанта не триумфира против Сасуоло, и официјално ќе ја обезбеди првата титула после 11 години.

Претходно во истата лигашка рунда се одигра уште еден меч, Наполи славеше кај Торино со 0:2, а за гостите од 85 минута како замена за Инсиње настапи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

После тој триумф и „наполитанците“ остануваат во игра за едно од местата во ЛШ, односно се наоѓаат на третата позиција со 66 бодови, зад водечкиот Интер (79) и Аталанта како второпласирана која има 68.

Сезона 2020/2021
Серија А, 33 коло

Денеска, резултати –

Торино-Наполи 0:2
Лацио-Милан 3:0

Табела на пет кола до крајот на сезоната во Серија А –

(ЛШ) 1.Интер 79 бодови
(ЛШ) 2.Аталанта 68
(ЛШ) 3.Наполи 66
(ЛШ) 4.Јувентус 66

(ЛЕ) 5.Милан 66
(ЛЕ) 6.Лацио 61

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот