
ВИДЕО | Меч на сезоната во ЛШ, девет гола и неверојатен пресврт на Барса
Фудбалерите на Барселона ја совладаа Бенфика по големиот пресврт – 5:4 во седмото коло од Лигата на шампионите.
Препорачано
Првиот гол на натпреварот дојде во втората минута кога Вангелис Павлидис го чекаше центаршутот на Карерас и ја однесе топката во мрежата за водство на Бенфика.
Следуваше експресен одговор на Барселона. Во 13. минута Алехандро Балде изнуди пенал, а Роберт Левандовски успешно го реализираше за израмнување – 1:1.
И тогаш Павлидис се врати во центарот на настаните. Постигна два гола за само осум минути, а двата пати погреши Шчечин. Најпрвин во 22. минута лесно ја смести топката во мрежата по големата грешка на голманот на Барселона, а потоа во 30. минута реализира пенал за 3:1. Тоа беше конечниот резултат на крајот од првото полувреме.
По петнаесет минути пауза не видовме гол до 64. минута кога Рафиња ја внесе драмата – казни грешка на голманот Трубин и намали на 3:2. Само четири минути подоцна, во 68. минута, се чинеше дека се е готово. Роналд Араухо со несмасна реакција си постигна автогол за 4:2.
Сепак, навивачите на Бенфика славеа прерано. Во 78. минута Левандовски повторно беше прецизен од белата точка, намалувајќи ја негативата на својот тим на 4:3, а потоа во 86. минута Ерик Гарсија дефинитивно донесе драма во натпреварот постигнувајќи гол за 4:4.
Последниот, последен удар го зададе Рафиња во шестата минута од судиското надополнување, речиси во последните секунди кога налета на контранапад и ги совлада и голманот и одбраната на Бенфика за неверојатни 5:4.