ВИДЕО | „Ме отпуштија“: Поранешна вработена во „Мета“ во солзи по одлуката на Закерберг

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Компанијата „Мета“, во чија сопственост се Фејсбук, Инстаграм и Ватсап, започна да отпушта работници. Околу 11.000 вработени, односно околу 13 отсто од вкупниот број работници, ќе добијат отказ, а ова е најзначајното намалување на работни места во историјата на оваа компанија.

„Сакам да преземам одговорност за оваа одлука и за тоа како дојдовме дотука. Знам дека е ова тешко за сите, а особено ми е жал за оние кои се погодени“, напишал сопственикот и основач на „Мета“, Марк Закерберг, во писмото до вработените.

Еден ден пред да започнат отпуштањата, Закерберг се состанал со раководителите за да разговараат за отказите, пишува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на две лица кои биле присутни на споменатиот состанок. Едно од тие лица изјавило за американскиот весник дека извршниот директор ја презел одговорноста за намалување на бројот на вработените, велејќи дека неговата компанија пребрзо се зголемила.

Кон крајот на септември, „Мета“ имала 87.314 вработени, што е најголем број работници во историјата на оваа компанија. Минатата година, „Мета“ била проценета на милијарда долари, но во текот на оваа година започнале финансиските проблеми за компанијата кои кулминираа со отпуштања. Во јули, Закерберг ги предупреди вработените дека компанијата доживува „еден од најлошите падови во поновата историја“ и во септември најави замрзнување на вработувањата.

Фејсбук и Инстаграм
Апликациите Фејсбук и Инстаграм/ Фото EPA/Rolf Vennenbernd

Меган Ариел е една од 11.000  поранешни вработени „Мета“. Девојката ги сподели своите искрени емоции преку платформата Тик-ток.

„Помина околу еден час откако дознав дека добив отказ во „Мета“. Направени се резови“, рече таа на почетокот на видеото што го објави вчера.

„Вчера мислев: ‘Што и да се случи, ќе се случи’, но денес кога го добив мејлот, станав толку емотивна и знам дека тоа е нормално. Ова беше буквално мојата работа од соништата. Бев толку горда на себе кога ја добив. Сè уште сум многу горда на себе“, вели Ариел низ солзи во видеото.

Таа се сподели и дека пред „Мета“ работела во „Мајкрософт“.

„Мислам дека сум во ред кога станува збор за мојата биографија, тоа е само лош тајминг во економијата. Никогаш не мислев дека ќе можам да работам во ваква компанија“, вели таа.

Додала дека е свесна дека во животот ја очекуваат прекрасни работи, но поради отказот станала многу емотивна. Таа на сите им посакала многу среќа ако поминат низ истото како и таа и верува дека сите ќе ја поминат оваа ситуација.

„Тоа е животот во моментов“,заклучува таа.

@meganarielll After days of waiting, today I got laid off. #techlayoffs #metalayoff #nontechnicalintech #jobless #funemployed ♬ original sound – Megan Ariel

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот