ВИДЕО: Мбапе го провоцираше голманот на Мец кој потоа беше турнат од Нејмар

Голманот на Мец, Александр Укиџа бурно реагираше после голот на ПСЖ/Мец, Франција/22 септември 2021/Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Во средата во рамките од седмото коло во најсилното француско првенство составот на ПСЖ триумфираше на гостувањето кај Мец со конечен резултат 1:2.

Тоа е веќе седма победа по ред за париските „светци“ од почетокот на сезоната во „Лига 1“ за моментно прво место на табелата со 21 максимален бод.

Уште од петтата минута поведоа гостите со погодокот на Хакими, а домаќинот израмнии во 39 минута преку Кујате по додавањето на Геје.

Во самиот финиш од средбата беше поставен конечниот епилог, после асистенцијата на Нејмар, Хакими ги обезбеди трите бода.

Во прославата на тој погодок Мбапе очигледно му дофрли некој збор на Александр Укиџа, што алжирскиот голман на Мец го сфати како провокација.

Укиџа веднаш стана и трчаше кон ѕвездата на ПСЖ во обид физички да се пресмета, а потоа се вмеша Нејмар кој го турна чуварот на мрежата.

Поранешен француски репрезентативец тврди: Луѓето го мразат ПСЖ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот