ВИДЕО | Мбапе блесна, Франција е прв осминафиналист!

Фото: EPA-EFE/Noushad Thekkayil

Репрезентацијата на Франција го обезбеди пласманот во осминафиналето откако ја совлада Данска со 2:1. Конечно Французите после два порази во низа од Данска (во Лигата на Нации) успеваат да слават против оваа селекција.

Тешко и одеше на Франција и денес, Данаска беше одлична и во најголем дел од натпреварот рамноправен противник. Иако се играше офанзивно и во првиот дел сепак, мрежите мируваа по првите 45 минути.  По 15 минути во вториот дел Килијан Мбапе ја продолжи својата одлична форма и го отвори резултатот.

Само седум минути подоцна дефанзивецот на Барселона, Андрес Кристенсен ја погоди мрежата на Лорис за изедначување. Ова беше посебно интересна ситуација затоа што во првото полувреме Французите бараа исклучување за Кристенсен после еден старт над Мбапе кој во таа ситуација влегуваше во добра прилика за гол.

При резултат 1:1 Данска создаде неколку добри прилики пред голот на Лорис, а кога не ги искористија стигна казната. Гризман одлично нафрли, а Мбапе во 86. минута го постигна третиот гол на овој Мундијал за победа на Франција. Мбапе заедно со Енер Валенсија кој исто така има три гола е прв стрелец во Катар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот