ВИДЕО: Маж со крв на лицето лежел на земја во Жена парк – на 100 метри од болница на Брзата помош ѝ требале 30 минути за да дојде

Вчера во 16:50 часот во паркот „Жена борец“ во Скопје, минувачите забележале лице кое лежело на земја. Во 16:51 часот луѓето повикале Брза помош, но наместо итна интервенција од операторот добиле низа прашања: дали лицето е во алкохолизирана состоја, дали може некој да провери дали мириса на алкохол, дознава ТВ 21.

Поради пандемијата, никој не можел да провери и да му се доближи на паднатиот човек.

Лицето лежело легнато на земја, со крв по лицето, на само 5 минути од Градската болница. Полциски службеници дошле по 10 минути, но откако сфатиле дека не можат да интервенираат и тие побарале медицинска помош.

Во меѓувреме мажот се освестил и иако тешко комуницирал, успеал на полицајците да им каже дека паднал сам и дека не бил нападнат.

Од првото пријавување до доаѓањето на Брзата помош поминале цели 30 минути иако болницата е на само 5 минути од паркот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот