-6 C
Скопје

ВИДЕО: Маж со „џиновски пенис“ е новиот детски јунак на данската национална телевизија, критичарите со поделени ставови

Критичарите ја отфрилија идејата дека детско шоу во кое главниот јунак е маж со „џиновски, но извонреден пенис“ е добра, но многумина и дадоа поддршка на данската националната телевизија.

Џон Дилерманд има „извонреден пенис“ Всушност, неговиот пенис е толку извонреден што може да изведува операции за спасување, да крева знаме, па дури и да краде сладолед од деца. Данскиот еквивалент на BBC, DR, има нова анимирана серија наменета за четири до осумгодишни деца за Џон Дилерманд, човекот со најдолг пенис во светот, кој ги надминува тешкотиите и предизвиците со своите гениталии кои го кршат сите рекорди, пишува британски Гардијан.

Очекувано, серијата предизвика дебата за тоа што треба – и што не треба – да содржи „добра детска телевизија“.

Џон Дилерманд / Фото: Принтксрин – ДР

Од премиерното прикажување на првата епизода од детското шоу во саботата, противниците ја осудија идејата за „човек кој не може да го контролира пенисот“. „Дали ова е пораката што навистина сакаме да им ја испратиме на децата додека сме затекнати во огромниот бран #MeToo?“ напиша данската авторка Ана Лизе Марстранд-Јиргенсен.

Прочитајте и...  Рекорден број на починати од коронавирус во Велика Британија и Португалија

Детското шоу доаѓа само неколку месеци откако ТВ водителката Софи Линде го започна движењето #MeToo во Данска.

Кристијан Грос, вонреден професор и истражувач на родовите на Универзитетот Роскилде, рече дека верува оти прославата на програмата за моќта на машките гениталии може само да ја врати рамноправноста. „Тоа е овековечување на стандардната идеја за патријархално општество и нормализирање на „културата во соблекувалната“… што се користи за да се оправда многу лошо однесување од мажите. Наменето е да биде смешно – затоа се гледа како безопасно. Но, не е, а ние со ова ги учиме нашите деца“.

Џон Дилерманд / Фото: Принтксрин – ДР

Ерла Хајнсен Хајстед, клинички психолог која работи со семејства и деца, рече дека верува оти противниците на шоуто можеби размислуваат за нештата.

„Џон Дилерманд разговара со децата и го споделува нивниот начин на размислување – додека на децата смешни им се гениталиите. Шоуто прикажува човек кој е импулсивен и не секогаш има контрола, кој прави грешки – како што прават децата, но клучно, Дилерманд секогаш го прави тоа правилно. Тој презема одговорност за своите постапки. Кога една жена во шоуто ќе му каже дека треба да го чува пенисот во панталоните, на пример, тој слуша. Што е убаво. Тој е одговорен“, вели психилогот.

Прочитајте и...  Општина Богданци: Субвенции за комунални услуги за ранливите категории на граѓани

Хајстед признава дека тајмингот е „лош“ и дека една емисија за човечките тела би можела да размисли и за прикажување на „различностите и разновидноста“ надвор од „преголемиот дилер“ (дански сленг за пенис; дилерманд буквално значи „човек-пенис“). „Но, ова детско шоу категорично не е за секс, идејата за тоа е проекција на возрасните“, заклучи психологот.

ДР – данскиот јавен радиодифузен сервис, има репутација на поместување граници – особено за децата.

Друго детско шоу на распоредот на програмата е Онкел Реје, популарна фигура која пцуе, пуши цигари и избегнува да се бања.

Онкел Реје / Фото: Принтксрин

Лик во детската серија „Gepetto News“ која е во етерот од 2007. година стана топ тема на конзервативците во 2012 година, откако ја откри својата љубов за другополово облекување.

Прочитајте и...  Развојна банка: Одобрени апликации за уште 8,8 милиони евра од „Ковид 3“ бескаматната кредитна линија
Gepetto News / Фото: IMDB

И Ultra Smider Tøjet (Ultra Strips Down) предизвика бес во 2020 година за презентирање на деца на возраст од 11-13 години со голи возрасни лица, но, семејниот психолог Хајстед тврди дека таквите критики биле неоправдани.

Ultra Smider Tøjet / Фото: Принскрин – Vanguardia

„Каква култура создаваме за нашите деца ако е во ред тие да гледаат „совршени“ тела на Инстаграм – подобрени, дигитално или козметички – но не и „вистински тела?“ праша таа.

ДР одговори на најновите критики велејќи дека може исто така лесно да направи програма „за жена без контрола над нејзината вагина“ и дека најважно е децата да уживаат во Џон Дилерманд.

Поврзани вести

Амазон му понуди помош на Бајден за да се изведе масовна вакцинација

Слободен печат

Бајден го прочита писмото од Трамп: Многу великодушно од него

Слободен печат

Меркел му честиташе на Бајден: Очекувам ново поглавје во германско-американското пријателство и соработка

Слободен печат

ФОТО: Северина го поддржа Бајден, но во костим за капење со американското знаме!

Слободен печат

Бајден пешки пристигна до Белата куќа: Ова ќе му бидат првите потези на новата функција

Слободен печат

Кога ви се јаде еден час пред полноќ: Мафини за брзо и здраво заситување

Слободен печат

Остави Коментар