ВИДЕО | Маж присуствувал на раѓањето на неговата ќерка: Реакцијата ќе ве насмее до солзи

татко
Фото: Принтскрин/ТикТок

Кога почнала да добива контракции, сопругот на Даниел Форд ни за момент не се посомневал дали ќе ја придружува за време на раѓањето на нивната ќерка. Тој решил да ѝ помогне на сопругата и да биде покрај неа додека таа го раѓа нивното дете. Но, очигледно не бил добро подготвен за она што го чека.

Додека Даниел почнала да се пораѓа, грижливиот сопруг ја вклучил камерата на мобилниот телефон за да го сними важниот момент. Застанал до сопругата која лежела на болничкиот кревет и цврсто ја фатил за рака. Но, потоа почнало да му се лоши… Тој храбро се обидувал да издржи до самиот крај. Штом ситуацијата стивнала, тој потонал во столот покрај креветот за да се освести.

@danielle.foord I have no words … #ForTheLoveOfBeauty #getoverherechallenge #fyp #birth #baby #labor ♬ original sound – danielle.foord

Поради реакцијата на мажот, видеото стана вирално на „ТикТок“ и собра над два милиони лајкови.

„Овој човек се бори за живот“, „Таа раѓа еден живот, убива друг“. Импресивно“, „Двапати раѓав, но мислам дека на негово место ќе реагирав исто“, „И тој се пораѓа, на свој начин“, „Заслужи златен медал за толку труд“, се некои од илјадниците коментари кои се појавија под видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот