ВИДЕО: Масовен протест „за безопасен воздух“ во Белград

Протест во Белград поради загадувањето на воздухот / 28 ноември 2021 / фото: Твитер

Илјадници луѓе се собраа денеска на централниот плоштад во Белград, во знак на протест поради лошиот воздух. Ова беше трет по ред протест против загадувањето во српскиот главен град кој го организираше невладината организација „Еко заштита”.

Граѓаните се собраа во центарот на градот за да го изразат своето незадоволство од високото ниво на загаденост на воздухот во целата земја. Во Белград и други градови од Србија, како и во Скопје и ширум Балканот, деновиве се регистрирани екстремно високи нивоа на аерозагадување.

Протестот помина мирно со аплаузи и поддршка за сите лекувани во болниците и сите борци за чист воздух, пишува белградскиот весник „Данас”. Еко заштита најави дека во следните две недели ќе има протести против загадувањето на воздухот низ цела Србија. Тие ги повикаа учесниците да поддржат и помали населени места.

„Луѓе вчера беа претепани затоа што ја бранеа својата татковина – системот се соочува со граѓанска војна. Се соочуваме со огромни предизвици. Никој нема да биде напуштен. Меѓу нас постои целосна солидарност. Проблемите со загадувањето се пикнати под тепих. Белград е меѓу последните места во однос на чистотата на воздухот. Секој ден од загадувањето умираат по 50 луѓе, а секоја година над 1500, што е многу повеќе од коронавирусот. Не мора ни да го мериме загадувањето. Го гледаме, го чувствуваме и ни ги убива децата”, порача на почетокот на протестот Бојан Симишиќ од Еко заштита, коментирајќи ги вчера забележаните инциденти и случаи на полициска бруталност на протестите.

На протестот имаше транспаренти на кои пишуваше: „Излези и одбрани се” и „Нè задушувате”. Демонстрантите се собраа и пред зградата на претседателството. На протестот имаше многу млади семејства со колички со деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот