ВИДЕО: Маскиран напаѓач запали автомобил, па пукаше во човек што се обиде да го спречи

Фото: RTL.hr/принтскрин

Вистинска драма се случувала рано утрово во Сесвете, предградие на хрватскиот главен град Загреб. Непознат напаѓач околу три часот запалил автомобил и испукал повеќе куршуми кон човек кој се обидел да го спречи.

Повредениот е пренесен во болница со повеќе прострелни рани, но засега не се знае колку се тешки повредите. Полицијата соопшти дека 53-годишен маж, кој од претходно им е познат на органите на прогонот, истурил запалива течност врз паркиран автомобил „Ауди“, кој бил сопственост на 28-годишна жителка на Сесвете.

Напаѓачот бил забележан од член на нејзиното семејство, кој излегол и се обидел да го спречи, но маскираниот насилник извадил пиштол и почнал да пука. Хрватските медиуми објавија морничава снимка од крвавиот инцидент (погледнете ја на овој линк), на која се гледа како напаѓачот стрела од пиштолот, додека жртвата панично се обидува да влезе во куќата, но не успева.

„Тој му нанел прострелни рани по телото и екстремитетите. Потоа со отворен пламен го запалил споменатиот автомобил и побегнал. Интензивно се трага по маж, познат на полицијата, кој е поврзан со овој настан. Истрагата и кривичната истрага се во тек“, велат од полицијата.

Пожарникарите кои биле повикани да го изгаснат огнот во автомобилот раскажуваат дека кога пристигнале, напаѓачот сѐ уште пукал и морале да се кријат бидејќи над главите им свиреле куршуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот