Лавров и Ушаков пристигнаа во Ријад/Фото: EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN MINISTRY PRESS SERVICE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

ВИДЕО | Маск ја „промовира“ руската мисија во Ријад: Вака изгледа вистинско лидерство

Додека делегациите од САД и Русија се во Ријад, Саудиска Арабија, за да започнат денеска разговори за судбината на Украина, Илон Маск со својата функција додаде масло на огнот што го запали Доналд Трамп кога одлучи да ги исклучи и Киев и Европската Унија од разговорите.

Секретарот за ефикасност на американската влада и најбогатиот човек на светот, во објава на неговата социјална платформа Икс ја „промовира“ руската мисија во Саудиска Арабија.

Маск постави видео од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и главниот помошник на Путин, Јуриј Ушаков како слегуваат од авионот на руската делегација и напиша: „Вака изгледа вистинското лидерство“.

Пред разговорите за кои Стејт департментот рече дека имаат за цел да разговараат за крај на сега веќе тригодишната војна во Украина, американска делегација предводена од државниот секретар Марко Рубио се состана со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.

Лавров и Рубио разговарале телефонски во саботата, според Стејт департментот, по разговорот меѓу Путин и Трамп минатата недела.

Преговарачките тимови на Русија и САД ќе им ги пренесат резултатите од средбата на лидерите на двете земји, а потоа Трамп и Путин ќе донесат одлуки за следните чекори.

Се потсетува дека на 12 февруари претседателите на Русија и на САД остварија телефонски разговор, при што разговарале за можноста за прекин на непријателствата во Украина, билатералните односи и други прашања.

Тие, исто така, се согласија да одржуваат отворени канали за комуникација и да организираат приватен состанок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот