Напад врз Русија / Фото: east2west news / WillWest News / Profimedia

ВИДЕО | Масивен напад на Украина со дронови врз руска територија, горат фабрики, складишта за гас и нафта

Светските новински агенции јавуваат дека Украина во моментов спроведува масивен напад со беспилотни летала врз руски региони.

Имено, како што пишува Би-би-си, нападнат е градот Енгелс, каде претходно пет дена се гаснеше пожар во складиште за нафта. Властите потврдија оштетување на две индустриски претпријатија во Саратов и Енгелс. Во исто време погодена е цистерна со гас која по нападот се запали во предградие на Казан како резултат на удар со дрон, соопшти прес-службата на шефот на Татарстан.

Гувернерите на регионите Тула, Ориол и Ростов, исто така, пријавија масовен напад со беспилотни летала.

Според „Киев индипендент“, цел на нападот со беспилотни летала била руската фабрика Казаноргсинтез во Казан, Република Татарстан, за време на нападот во текот на ноќта на 14 јануари, при што остатоците од дрон предизвикаа пожар, тврдат неколку локални канали на Телеграм.

Телеграм каналот Вечернаја Казан објави дека во нападот било погодено складиште за течен гас, при што биле запалени резервоарите за гас. Руските власти потврдија дека избувнал пожар во градот како резултат на нападот со беспилотно летало, но тврдат дека не предизвикал значителна штета.

Украинските власти сè уште не соопштија дека стојат зад нападите.

Во меѓувреме видеата објавени на различни канали покажуваат голем пожар на индустриска локација во Русија која засега не е точно утврдена. Според очевидци, се слушнале беспилотни летала како летаат над селото Осиново, а потоа се слушнала и експлозија во близина на централата. Локалните власти не открија повеќе детали за целната локација.

Официјална Москва извести за голем напад со украински беспилотни летала низ повеќе региони во текот на ноќта, при што наводно бил запален и индустриски објект во Саратовската област. Како што јавија руски канали на Телеграм, била погодена фабриката на Казанорсинтез која произведува пиролиза, полиетилен и поликарбонат.

Исто така, Украина ги гаѓала руските погони кои се критични за нејзините воени напори против Украина, давајќи им приоритет на фабриките поврзани со нафтената и хемиската индустрија на својата целна листа.

Како што пренесува Си-ен-ен, каналот Шот Телеграм објави дека Русија соборила повеќе од 200 украински беспилотни летала и пет балистички ракети ATACMS од американско производство.

Инаку Киев и Москва ги засилија своите напади во последните месеци пред враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа на 20 јануари, откако новоизбраниот претседател на САД ја објави својата намера веднаш да ја прекине војната по преземањето на функцијата.

Украина редовно напаѓа воени цели и енергетски локации во Русија како одговор на нападите на Москва на нејзина територија од 2022 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот