8 C
Скопје

ВИДЕО: Масакр во Ница, обезглавени две лица, неколку повредени – напаѓачот застрелан

Најмалку три лица се убиени, а неколку ранети во нападот со нож во црква во Ница, пренесуваат француските медиуми. Двајца од нив се обезглавени, пишува Дејли Мејл.

Како што пренесува Фигаро, телото на една жена е пронајдено во катедралата Норт Дам. Другото починало на улица зошто се обидувало да се скрие во блиското кафуле. Уште еден маж е убиен.

Полицијата го застрелала терористот и тој моментално се наоѓа во болница, пишува „Л’Паризиен“. Напаѓачот по апсењето извикувал „Алаху Акбар“.

Според пишувањето на француските медиуми, се слушнало и пукање околу 9 часот. Граѓаните се замолени да го избегнуваат подрачјето околу црквата додека во тек беше полициска акција.

Прочитајте и...  Грција со непроменет став за европската перспектива на Западен Балкан

Градоначалникот Кристијан Естроси и се заблагодари на полицијата за брзата реакција.

Мотивот на овој напад се уште не е познат, но Естрози наведе дека врз основа на доказите верува дека станува збор за терористички напад.

Нападот се случил околу 9 часот, а дел од градот во кој се наоѓа црквата е блокиран.

Нападот се случи само две недели откако во Париз е обезглавен професорот Самјуел Пати. Него го уби 18-годишниот Чеченец зопшто Пати на учениците им покажувал карикатури на пророкот Мухамед.

ФОТО+ВИДЕО: Терористички напад во Ница, една жртва – се демонтира бомба

Поврзани вести

Потпишана Спогодба за партнерство, трговија и соработка со Велика Британија

МИА Агенција

Пендаровски: Покрај мерките на институциите коишто се најважни во моментов, потребна е и поголема индивидуална одговорност

Слободен печат

Заев: Постигнат е напредок во Комисијата за историски прашања

Слободен печат

ДПИ: Не се забележани неправилности и големо отстапување за време на „Black Friday”

Слободен печат

Мицевски: Поднесените амандмани се наша реакција на неуставноста и насилничкото носење на Деловникот од страна на СДСМ

Слободен печат

ВИДЕО: Геј оргии, проститутки и детска порнографија – Сите скандали на луѓето блиски до Орбан

Слободен печат

Остави Коментар