ВИДЕО: Марш на солидарност со Палестинците во главниот град на Косово

Неколку десетици граѓани се собраа денеска во центарот на косовската престолнина, за да му изразат поддршка на палестинскиот народ во конфликтот што изби на Средниот Исток меѓу Палестина и Израел, јави дописникот на МИА од Приштина.

„Солидарност со палестинскиот народ” беше главната парола на поворката организирана преку социјалните мрежи од групата наречена „Колектив за феминистичка мисла и дејствување”.

Демонстрантите маршираа низ пешачката зона во центарот на Приштина, носејќи транспаренти на албански и англиски јазик, со пораки на поддршка за Палестинците.

Меѓу паролите кои ги извикуваа во текот на маршот беа: „Слобода за Палестина”, „Не ги допирајте децата”, „Стоп за фашизмот”, „Стоп за етничкото чистење” и слични.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот