ВИДЕО | Марсеј и Монако ремизираа во француското дерби

Фото: EPA-EFE/Guillaume Horcajuelo

Француското дерби во Лига 1 помеѓу Олимпик Марсеј и Монако заврши без победник (1:1).

Домаќините успеаа да дојдат до бод и покрај лошиот почеток на натпреварот. Монако прв стигна до водство откако по 17 минути игра Верето си постигна автогол. Само што започна вториот дел, по две минути игра Алексис Санчез погоди за изедначување.

Во второто полувреме Марсеј имаше две големи прилики за гол преку Белереди и Паје, меѓутоа шутот на првиот заврши во пречката, а вториот шутираше покрај голот.

Марсеј во овој момент е трет во Лига 1 со 43 освоени бодови, додека Монако е едно место подоле со 38 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот