ВИДЕО: Маричиќ објаснува што ќе значи експертизата за судски случаи што ја договорија Заев и Гаши

Бојан Маричиќ во гостување на ТВ21 / 8 декември 2021 / фото: ТВ21/принтскрин

Меѓународниот мониторинг на неколку судски случаи како „Диво Насеље“, „Монструм“, „Алфа“ и „Алмир Алиу“, која ја договорија Зоран Заев и Африм Гаши како дел од условите за влез на Алтернатива за влез во Владата, предизвика многу реакции во јавност. Министерот за правда Бојан Маричиќ во студиото на ТВ21 во „Клик Плус“ вечерва објасни што ќе значи овој меѓународен мониторинг на судските случаи.

„Колку што знам, тие се случаите кои биле дискутирани и кои се ставени во договорот на лидерите на двете партии. Логично е што предизвикаа голем број на реакции, и кога ќе влеземе во суштината ќе видиме дека со овој договор не може да се влијае на тие случаи. Нема јавноста простор за загриженост дека политичките фактори дека власта ќе се меша во исходот или одлуките. Претходно сме имале кога политички партии барале мониторинг, сме имале ситуации и на барање на ВМРО-ДПМНЕ, кога се преговараше Законот за Јавно обвинителство, владата побара мониторинг за случаите за висока корупција“, рече Маричиќ.

Маричиќ напомена дека веќе побарале од ЕУ да прави некој вид истраги, а кажале дека немале механизми да прават истраги, туку да направат тим кој ќе ги следат случаи. И тој почнал во јули месец, и 20 такви случаи се набљудувани, вели Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот