ВИДЕО | Маричиќ: Кога ќе завршиме со преговорите со Бугарија, очекуваме ЕУ да испорача што ветила

Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања / Утрински брифинг

Жозеп Борел за време на посетата на Македонија и Албанија настапи со истрошени фрази, и наиде на жестока критика во двете земји. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ посетата на Борел за Утрински брифинг ја толкува поинаку.

-За нас посета на висок претставник од ЕУ е добра вест. Треба да сме задоволни од посетата на Борел, а целта беше ЕУ да се заблагодари за поддршката што ја даде Македонија за Украина и да се даде поттик за завршување на преговорите со Бугарија. Ние не очекуваме никој ништо да ни вети, имаме напредок во реформите и го решаваме спорот со Бугарија. Ветувања и досега сме добивале безброј па ништо не се случило. Кога ќе завршиме со преговорите со Бугарија, очекуваме ЕУ да испорача, вели Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања за Утрински брифинг.

Маричиќ вели дека Владата е во комуникација со Брисел за тоа како да ѝ се помогне на Македонија во оваа економскка криза. Владата прави сѐ што може за да го одржи стандардот на граѓаните и затоа се донесени низа мерки. Ќе има поддршка и за повеќе земји, па очекуваме дека овие ветувања се реални, вели Маричиќ.

Од посетата на премиерот Димитар Ковачевски на Брисел се очекува да се остварат средби на високо ниво, меѓу другото и на оваа тема.

-Ние во регионот имаме направено најдобри економски мерки и тоа сите го признаваат. Но, продолжувањето на војната никому не одговара. Во наш интерес и интерес на Европа е војната бргу да престане за да можат да се изменаџираат последиците од кризата, вели Маричиќ.

Во врска со хибридната војна во регионот, нивото на пропаганден напад секако е повисок во Бугарија оти таа била во источниот блок па има посилни структури. Кај нас не е до тоа ниво, но не е за занемарување. Имаме портали кои ги пренесуваат ставовите на Путин. Битно е да останеме на вистинската страна, да му помогнеме на украинскиот народ колку што можеме и оваа војна да заврши, изјави Маричиќ за Утрински брифинг.

Проследете го целиот разговор во видеото

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот