ВИДЕО | Mаричиќ: Aкадемијата останува единствената точка за влез во правосудниот систем на сите кандидати под еднакви услови

Бојан Маричиќ
Фото: Архива на „Слободен печат“

Посетата во Брисел беше долго подготвувана и фокусирана на сите оние реформски планови и чекори што сме ги преземале во рамките на правосудниот сектор. Ги претставивме чекорите поврзани со прочистувањето на судството, со дигитализацијата, борбата против корупцијата, напредокот во имплементација на препораките на извештајот од ЕУ, како и предлог новиот Закон за Академија за судии и јавни обвинители. Добивме и поттик и пофалби и укажувања и ова беше неопходно за да можеме да продолжиме по планот кој е зацртан во делот на правосудството, изјави во Утрински брифинг министерот за правда, Бојан Маричиќ.

– Ако претходно главната грижа во Брисел беше нефункционалното Собрание во тој момент, како и сите проблеми околу Законот за попис, мислам дека тие прашања сега се решени. Дадоа поддршка за она што го правиме, дадоа укажувања за делови од законите кои во моментов ги работиме, но генерално посетата беше во позитивен тон. Од наша страна исто така замоливме ЕУ да не го губи фокусот и час поскоро да создаде услови за отворање на преговорите, додаде Маричиќ.

– Има повеќе месечен дијалог за воведување на една прилагодена програма за оние стручни соработници кои веќе шест години во судството или ЈО. Имаме определени нивни ставови, но сега веќе имаме некои насоки како треба да го прилагодиме законот. Она што нам ни е најважно е што ги уверивме дека Академијата останува единствената точка за влез во правосудниот систем на сите кандидати под еднакви услови, вели Маричиќ.

Тој рече дека главниот повод за посетата на Анкара била размена на искуства на академии за судии и јавни обвинители.

– Искуствата што ги има Турција и во делот на едукација на кадрите и во делот на дигитално функционирање мислам дека за нас се вредни, вели Маричиќ.

– Владата во ниту еден случај не врши никаков притисок пред Уставниот суд поврзани со аферата со Еуростандард банка. Истрагите се во рацете на обвинителството и истите треба да се заввршат бидејќи не е мал случајот, додаде Маричиќ.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот