ВИДЕО: Мареј го засени роденденскиот „трипл-дабл“ на Јокиќ!

Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Кошаркарите на Денвер го совладаа Кливленд со 120:103, а фантастичен уште еднаш беше Никола Јокиќ, стартерот на Западната конференција на годинешниот „Ол-стар натпревар“ во Атланта.

После првиот натпревар (по 26 врзани), на кој не успеа да оствари „дабл-дабл“, српскиот интернационалец одговори со одлична игра и нов „трипл-дабл“. За Кавалирси најефикасен беше Колин Секстон со 23 поени, а Ален додаде 20.

Јокиќ блескаше на својот 26 роденден, го оствари седмиот „трипл-дабл“ оваа сезона, уфрли 16 поени, запиша 12 скока и 10 асистенции.

Но, дефинитивно поголемо внимание привлече Џамал Мареј кој забележа точно 50 поени, шутираше скоро без грешка, 21 од 25 (8/10 за три поени), а интересно е тоа што Мареј е првиот играч во историјата кој постигна 50 поени без ниту едно слободно фрлање.

Единствениот играч кој постигна 50 поени на меч, со процент на шут 84% или повеќе е Вилт Чемберлен, но тој тоа го направи со помош на слободни фрлања.

НБА лига, резултати –

Орландо – Голден Стејт 124:120
Бостон – Атланта 121:109
Филаделфија – Чикаго 112:105
Мемфис – Детроит 109:95
Милвоки – Оклахома 98:85
Њу Орлеанс – Феникс 114:132
Минесота – Торонто 81:86
Кливленд – Денвер 103:120
ЛА Клиперс – Јута 116:112

Моментно во Источната конференција води Филаделфија Сиксерс со учинок 20-10, а на Западот доминира Јута Џез (24-6).

ФОТО: Познати составите на НБА „Ол-стар“ мечот во Атланта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот