ВИДЕО: Мараја Кери сними нова божиќна песна – Дали таа ќе успее да го надмине нејзиниот божиќен хит стар 26 години?

Фото: Профимедиа

Нејзиниот хит од 1994 година „All I Want for Christmas Is You” е многу популарен и денес. Речиси не постои личност на планетата која не ја слушнала оваа песна, особено за празничниот период во кој оваа песна буквално „царува“ низ земјата.

Музичката дива Мараја Кери (50) е најпозната по хитот „All I Want for Christmas Is You“ од 1994 година, а сега сними нова божиќна песна.

„Oh Santa“ е наречен синглот за кој ги здружи силите со пејачката Аријана Гранде и Џенифер Хадсон.

Песната е објавена во склоп на специјалот кој се прикажува на „Apple TV“ – „Mariah Carey’s Magic Christmas Special”, а станува збор за спектакл кој носи спој на песни, танцување и анимации со голема доза на празничниот дух.

Дали и оваа божиќна песна на Мараја Кери ќе се пее по 26 години, ќе покаже времето… Со оглед на тоа дека „All I Want for Christmas Is You”дури во 2019 година се искачи на врвот на Билбордовата Хот 100 листа, пејачката знае дека чекањето се исплати.

„Гледав во елаката и чувствував мир. Беше тоа неверојатен момент. Меѓу сите млади музичари мојата песна после толку време успеа да се пробие на првото место. Со години таа песна беше на врвот на многу топ листи, но не бев фокусирана на тоа, но моите деца, моите обожаватели, најдобрите луѓе во светот ми го овозможија тоа“, го коментираше Мараја успехот на својата песна во Јутјуб емисијата „No Filter With Naomi”, со Наоми Кемпбел.

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот