ВИДЕО: Мане стрелаше во 97 минута за победа на Сенегал

Садио Мане донесе победа за Сенегал во Африканскиот куп на нации/Фото: EPA-EFE/KHALED ELFIQI

Еден од фаворитите за титулата во Африканскиот Куп на нации, репрезентацијата на Сенегал со 1:0 славеше над Зимбабве.

Стрелец на единствениот гол за победничката селекција беше ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане кој во 97 минута реализираше од пенал.

Натпреварот беше преполно со одлични шанси, а во првиот половина час Сенегал пропушти три големи можности за погодок. Покрај голот во првата минута шутираше Буна Сар, а слично нешто направи и Кеита Балде 11 минути подоцна. Првиот сериозен удар го имаше Садио Мане во 25. минута кога неговиот удар го одбрани Петрос Мхари.

Добри можности имаше и Зимбабве. Монсун се обиде од слободен удар, а Ишмаел Вади шутираше во 37. минута, но сенегалската одбрана реагираше на гол-линијата.

Сенегалците имаа добри шанси во второто полувреме, кои најчесто завршуваа со удари покрај голот, а доста работа имаше и споменатиот голман на Зимбабве, Петрос Мхари.

На крајот Зимбабве си пресуди бидејќи Келвин Маџонгве играше со рака во својот шеснаесетник. Судијата Марио Ескобар веднаш покажа на белата точка, ја провери својата одлука со ВАР системот, а сигурен изведувач на пеналот беше Мане.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот