ВИДЕО: Манчестер сити со шампионска „петарда“ во мрежата на Норич

„Граѓаните“ со првата победа сезонава во Премиер лигата/Фото: EPA-EFE/ANDREW YATES

Актуелните шампиони, фудбалерите на Манчестер сити на домашен терен ја забележаа првата победа сезонава во Премиер лигата, над Норич со резултат 5:0.

Во листата на стрелците на „Етихад“ се запишаа пет различни играчи, што е додатна причина за задоволство кај шпанскиот менаџер на „граѓаните“, Пеп Гвардиола.

Првиот гол беше виден уште во седмата минута, поточно автогол, кога дефанзивецот на гостите Крул го матираше својот голман.

Во 22 минута, Џек Грилиш го постигна првиот гол во дресот на Сити, по асистенцијата на Габриел Жезус. Предноста се зголеми во 64 минута, овојпат стрелец беше Ајмерик Лапорт, после една мешаница и корнер.

Рахим Стерлинг настапи во второто полувреме, а 10 минути подоцна од неговото влегување, по новото додавање од Жезус, реализираше погодок. Конечниот епилог го постави Ријад Марез во 84 минута.

Во другите денешни средби: Астон Вила – Њукасл 2:0, Кристал Палас – Брентфорд 0:0 и Лидс – Евертон 2:2. Во некомплетното второ коло моментно води Ливерпул со шест бодови, а по четири имаат Евертон и Брентфорд.

ВИДЕО: Повторно грмат навивачите на „Енфилд“, Ливерпул рутински со Барнли

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот