ВИДЕО: Манчестер сити е новиот полуфиналист во ФА купот

Фото: EPA-EFE/Peter Powell/POOL

Денеска во рамките од четвртфиналето на ФА купот екипата на Манчестер сити со 0:2 славеше над Евертон и се пласираше во следната фаза, а претходно истото го направи и Саутемптон кој со 0:3 го елиминираше составот на Борнмут.

„Граѓаните“ ја обезбедија победата на „Гудисон парк“ благодарение на погодоците реализирани во самиот финиш од натпреварот.

Првиот гол беше постигна во 84 минута преку Гундоган, а вториот беше дело на Де Брујн после асистенцијата на Родри (90`).

Последен пат „граѓаните“ го освоија ова натпреварување во 2019 година, тогаш се закитија со шестиот трофеј.

В недела ќе се одиграат преостанатите две четвртфинални средби: Челси – Шефилд јунајтед и Лестер – Манчестер јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот