24.8 C
Скопје

ВИДЕО: Манчестер јунајтед е „крал“ на пресврти во Премиер лигата!

Сезонава како по дефиниција, кога и да дојдете во водство против Манчестер јунајтед, не сте сигурни дека на крајот ќе победите. Така беше и денеска, во рамките од 35 коло во Премиер лигата „црвените ѓаволи“ славеа со резултат 1:3 на гостувањето против Астон Вила.

Тоа значи дека Манчестер сити ќе почека на шампионската промоција, домаќините поведоа со голот на Траоре во 24 минута и ја задржаа таа предност до крајот на првото полувреме.

Но, во вториот дел играчите на Оле Гунар Солскјер за само четири минути направија пресврт, од белата точка израмни Фернандеш, а во 56 минута стрелаше Гринвуд.

Конечниот епилог го постави Кавани кој уште еднаш покажа дека е секогаш напаѓач од светска класа. Се одигра уште еден меч, Вулверхемптон со 2:1 на домашен терен триумфираше над Брајтон.

На табелата водат „граѓаните“ од Етихад со 80 бодови, 10 повеќе од Манчестер јунајтед, на третата и четвртата позиција се Челси (64), односно Лестер (63).

Поврзани вести

Франција има една победа на ЕП, но и натаму е најголем фаворит за шампионската титула!

Слободен печат

Класика на „Вембли“: Ги дознавме сите осминафинални двојки на Европското првенство!

Слободен печат

ВИДЕО: Германија „преживеа“ во Минхен, Роналдо е синоним за рекорди!

Слободен печат

Клуб од шпанската „Ла Лига“ со интерес за Дарко Велковски!?

Слободен печат

Ја победија само Македонија – Украинците се најголемите „среќници“ на Евро 2020!

Слободен печат

ВИДЕО: Ѓоковиќ „гази“ и во двојки, крај за првите носители на турнирот во Мајорка!

Слободен печат

Остави Коментар