ВИДЕО: Малку среќа, малку Рашфорд, и ете го Јунајтед во шампионската трка!

Сегашниот неделен приход на Погба треба да се зголеми за најмалку 50 проценти/Фото: EPA-EFE/Michael Regan/POOL

Во последниот натпревар од денешната програма во Премиер лигата, „црвените ѓаволи“ на својот „Олд Трафорд“ триумфираа минимално 1:0 против Вулверхемптон.

Манчестер јунајтед доста се мачеше до освојувањето на трите бодови, повторно владееше нервоза кај навивачите на овој клуб. На стартот од дуелот гостите подобро се покажаа на теренот, имаа и еден удар преку Невеш, а потоа и погодена пречка кога Саис го натскокна Кавани после центаршутот на Мутињо.

Најдобрата шанса домаќинот ја имаше во 34 минута кога Гринвуд ја уфрли топката во казнетиот простор, таму беше Бруно Фернандеш, шутираше, но голманот Патрисио успеа да одбрани.

Се обиде Оле Гунар Солсјер во понатамошниот период со Марсијал, а во 70 минута следуваа нови возбудувања. Прво беше поништен гол на Кавани поради офсајд, иако судијата гледаше ВАР поради можен прекршок, но немаше ништо од тоа.
К

Клучниот момент се случи во самиот финиш од мечот, поточно во третата минута од судиското надополнување кога многу среќа имаше Маркус Рашфорд.

Со направи простор за да шутира, упати удар, топката го менува правецот и го измами Патрисио (0:1). На табелата играчите Солскјер се моментно на втората позиција со 30 бодови, само два помалку зад водечкиот Ливерпул.

ВИДЕО: ВБА му откина бод на Ливерпул, но сега е „прегазен“ од Лидс!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот