ВИДЕО | Маленко: Од денес „П“ од политика нема да има во МОК – верувам во новиот претседател

Јас секогаш сум на страна на врвен спорт. Почитувам рекреација, хоби, а не почитувам лага, превара преку ментален склоп и медиумски и „експертски“ претставен како врвен спорт. Зошто е тоа така допрва ќе излегува во медиумите секако доколку имаме професионална седма сила и ја пренесува вистината за македонскиот спорт, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Александар Маленко, пливачка Федерација на Северна Македонија.

-Генезата на проблемот и поделеност постои веќе два олимписки циклуси. Тоа го направи поранешниот режим. Поделеноста започна кога политиката преку Агенција за млади и спорт во последните 10 години уништи критериуми кои претставуваат основ за воведување на професионален систем на работа. Во Република Северна Македонија се уште не постои Закон за спорт кој е меѓународно признат. Федерациите не можат да бидат шалтер на Агенцијата, смета Маленко.

Целиот разговор со Александар Маленко погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот