ВИДЕО: Мал пад на бројот на новозаразени во Кина, повеќето увезени

Кингдао, Шандонг, Кина / 12 октомври 2020 / Фото: EPA-EFE/WANG HAIBIN CHINA OUT

Во Кина се потврдени 22 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е намалување во споредба со претходниот ден кога имаше 33, соопшти Националната здравствена комисија.

Од вкупниот број нa заразени, само еден е од локален пренос во Шангај, додека 21 се увезени случаи.

Регистрирани се и 25 нови асимптоматски случаи, кои не влегуваат во официјалната статистика, додека претходниот ден имаше девет.

Вкупниот број на заболени лица од почетокот на епидемијата во Кина сега е 86.267, а починале 4.634 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот