ВИДЕО: Македонските и холандските навивачи со ракија ја загреваат атмосферата во Амстердам!

epa09290515 Fans of the Netherlands gather in the city center of Amsterdam, The Netherlands, 21 June 2021, prior to the UEFA EURO 2020 group stage match against North Macedonia. EPA-EFE/Evert Elzinga

Сите со нетрпение го чекаме натпреварот од групата „Ц“ на Европското првенство помеѓу Македонија и Холандија (18.00 часот) на теренот во „Јохан Кројф“ Арената.

Играчите се подготвени, навивачите се подготвени, сите подготвени да уживаме во уште еден фудбалски спектакл на континенталниот собир.

Како што е познато во однос на Букурешт каде што се случи „црвено-жолта“ инвазија и беше направена фантастична атмосфера, Амстердам и Холандија поради коронавирусот забрани влез на македонски навивачи за овој натпревар.

Но, и покрај тоа продолжува големата поддршка од нашите фанови ќе ја има и во Амстердам, со надеж дека ќе направиме прв голем резултат на ЕП.

Непосредно пред мечот заедно македонските и холандските навивачи ја загреваат атмосферата, а Холанѓаните имаа можност да пробаат и од традиционалната ракија. Погледнете на видео записот како сето тоа изгледаше:

ВИДЕО: Ангеловски ги препозна сите свои играчи, Рики, „Генио“ Барди, Пандев најдобриот..!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот