ВИДЕО: Македонските фудбалери одиграа само реми против Финска во Скопје

Никола Серафимов во акција на натпреварот против Финска/фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вечерва македонската А репрезентација играше нерешено со резултат 1:1 на контролниот натпревар против Финска на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје.

Нашите најдобри фудбалери повеќе ја имаа топката во своите нозе, а противникот воглавно се закануваше преку контра нападите. А преку една таква контра во 37 минута Финците успеаја да дојдат до предност преку Антман по асистенцијата на Похјанпало.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски со сите сили напаѓаше за да израмни и тоа се случи во 75 минута со прецизен удар од белата точка.

Претходно играчот на Фенербахче Алиоски беше фаулиран во казнетиот простор на гостите, а сигурен пеналџија беше Барди.

Нашиот голман Димитриевски забележа неколку одлични интервенции, а имаше среќа пред финишот на средбата кога Томас ја погоди стативата.

Пријателски натпревар
Скопје, Национална арена „Тодор Проески“

Македонија – Финска 1:1
Македонија: Димитриевски, Алиоски, Серафимов, Муслиу (Велковски 59`), Бејтулаи (Дориев 46`), Барди, Елмас (Елези 87`), Спировски (Миовски 46`), Николов (Етеми 59`), Ристовски, Несторовски (Атанасов 59`).

За три дена следува нов тест за избраниците на Милевски, во главниот град на 20 ноември ќе го пречекаат Азербејџан со почеток од 14.00 часот на Арената „Тодор Проески“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот