ВИДЕО: Македонскиот репрезентативец Велковски стрелаше против Реал Сосиедад!

Фото: EPA-EFE/Juan Herrero

Нашиот одбранбен играч кој моментно ги брани боите на Риека му донесе водство (0:1) на својот клуб на гостувањето во Шпанија.

Поточно, во рамките од петтото коло во Лига Европа македонскиот репрезентативец Дарко Велковски ја затресе мрежата на Реал Сосиедад, лидерот во „Ла Лига“.

После еден изведен корнер на хрватската екипа и асистенцијата на Менало, од непосредна близина Велковски со глава ја испрати топката во мрежата на домаќините.

Риека инаку после четирите порази во групата „Ф“ ги загуби шансите за учество во нокаут-фазата.

Голот на нашиот фудбалер против Реал Сосиедад на стадионот во Сан Себастијан можете да го погледнете на видео записот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот