ВИДЕО | Maкедонскиот фудбалер Бесир Исени суспендиран на две години поради инцидентот во Тирана

Фото: Screenshot

Maкедонскиот фудбалер Бесир Исени, кој настапува за екипата на Тирана во албанското првенство, доби двегодишна суспензија поради нередите на натпреварот против Булис.

Тирана на свој терен одигра 2:2 против претпоследниот тим на табелата и така ја загуби титулата во албанското првенство. Натпреварот донесе голем инцидент во кој беше нападнат судијата Криденс Мета.

Веднаш по инцидентот беше отворена постапка, а Албанската фудбалска федерација се одлучи на строга казна, со цел да превентира други вакви инциденти во иднина. Најголема казна заработи 23-годишниот скопјанец Бесар Исени.

Исени суспензијата ја заработи поради плукање кон судиите. Казна заработија уште петмина фудбалери на Тирана, еден доби едногодишна суспензија, тројца шестмесечна и уште еден четири месеца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот