ВИДЕО: Македонската репрезентативка Кипријановска со трансфер во Франција

јована кипријановска
Јована Кипријановска, ракометарката на ЖРК Куманово/Фото: Кочо Сотировски/24 Ракомет

Досегашната ракометарка на ЖРК Куманово, Јована Кипријановска од следната сезона ќе настапува во Франција.

Денеска екипата на Самбре Авенуа објави дека од сезоната 2022/2023 нејзин нов член ќе биде македонската репрезентативка Кипријановска, тоа ќе биде нејзино прво интернационално искуство.

Инаку Самбре Авенуа настапува во француската втора лига во чии редови игра уште една Македонка, Леонида Гичевска, исто така репрезентативка на Македонија.

Десниот бек важи за една од нашите најголеми ракометни надежи, таа импресионира со нејзините игри во дресот на Куманово, актуелен освојувач на двојната круна.

Се наоѓа во составот на селекторот Љубомир Савевски за претстојните два натпревари од ЕХФ Евро Куп против Норвешка, во Скопје на 21 април и во недела на 24 април на гостински терен против Бекестуа.

Овие мечеви служат како подготовка за она што следува годинава, а тоа е Европското првенство кое ќе го одржуваат три земји: Словенија, Црна Гора и Македонија.

Разговор со Љубомир Савевски: Мора да направиме спој на младост и искуство во репрезентацијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот