4 C
Скопје

ВИДЕО: Македонската пресметка во Серија А му припадна на Елмас

Екипата на Наполи славеше на гостувањето кај Удинезе со 1:2 во рамките на 17. коло од Серија А и тоа со гол постигнат во 90. минута. Голот вреден три бода беше дело на Бакајоко во последните моменти од средбата.
Резултатот го отвори Наполи со голот на Инсиње во 15. минута, но по десетина минути Удинезе израмни преку Лазања.

Елиф Елмас влезе во игра во 68. минута на местото на Фабијан Руиз, додека кај домашниот тим Илија Несторовски во 81. минута го замени стрелецот на голот Лазања.

Шок терапијата со промена на тренерот не беше успешна за Парма која е поразена со 0:2 од Лацио. Лацијалите двата гола ги постигнаа во второто полувреме, првиот беше дело на Луис Алберто во 55. минута, додека вториот го постигна Каиседо во 67. минута.
Верона со 2:1 го совлада последнопласираниот Кротоне.

Прочитајте и...  ВИДЕО: „Старата дама“ ја продолжи шампионската трка со миланските ривали!

Поврзани вести

ВИДЕО: Кој може да го запре Сити, „граѓаните“ сè поблиску до светскиот рекорд!

Слободен печат

ВИДЕО: „Старата дама“ ја продолжи шампионската трка со миланските ривали!

Слободен печат

Лига Европа: Еурофарм Пелистер во осминафиналето против Магдебург

Слободен печат

Де Лаурентис бара да се одложи дербито меѓу Јуве и Наполи!

Слободен печат

Дупјачанец: Жалам што не победивме, заморот во овој момент е оправдан!

Слободен печат

Лига Европа: Металург во последните секунди до реми со Адемар Леон!

Слободен печат

Остави Коментар