ВИДЕО: Македонија со голот на Тричковски води против Естонија!

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

После првото полувреме на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје, најдобрата македонска репрезентација води со 1:0 против Естонија во петтиот натпревар од Лигата „Ц“.

Клучниот момент се случи во 29 минута кога Тричковски во прав момент избегна офсајд позицијата, со левата нога ја затресе мрежата на Хејн, а асистент на погодокот беше Спировски.

Претходно Естонците се заканија со убава шанса во 23 минута, директно во нашиот гол шутираше Креида, но одлично одбрани Шишковски.

За играчот на кипарскиот клуб АЕК Ларнака, Тричковски ова е прекинување на „постот“ кој траеше од 2018 година кога стрелаше против Гибралтар.

ГОЛОТ НА ТРИЧКОВСКИ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот